Избран идеалниот тим на Ф4 во ЛШ, имаше место и за Карачиќ (ВИДЕО)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) по крајот на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите го објави идеалниот тим од завршницата, односно најдобрите седум ракометари, кои оставија одличен впечаток во „Ланксес Арената“ во Келн.

Во најдобрата „седморка“ имаше место за тројца ракометари од старо-новиот шампион, Барселона, потоа за двајца членови на Келце, а екипите на Кил и Веспрем имаат по еден претставник во идеалната постава.

Екс ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ, кој со екипата на Келце не успеаја да дојдат до златниот медал, откако во финалето беа поразени од бранителот на титулата, Барселона, е избран за најдобар среден бек на Ф4 тунрирот од Лигата на шампионите.

Како што е веќе познато, МВП на Ф4 турнирот во Келн беше ракометарот на Келце, кружниот напаѓач, Артем Каралек.