Екипата на Стружанка од Струга ќе го организира Ф4 турнирот кај кадетките, кој ќе се одржи на 11 јуни во салата при СОУ „Нико Нестор“.
Актуелен бранител на титулата во кадетската лига е токму екипата на Стружанка, која во ланското финале беше подобра од Деспина со 26:24.
На овогодинешниот Ф4 освен Стружанка ќе учествуваат и екипите на Вардар, Шампион и Феникс.
Полуфиналните натпревари, како и финалето и натпреварот за трето место ќе се одиграат на 11 јуни.
Кадетки, полуфинални двојки:
11/06, 10:00 часот, Вардар – Феникс
11/06, 12:15 часот, Стружанка – Шампион
11/06, 18:00 часот, натпревар за 3 место
11/06, 20:00 часот, финале