Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров остварија нова победа во плје-аут конкуренцијата од Прват лига откако на домашен терен без многу проблемо го совладаа тимот на Шампион со 34:23.
Македонија ЃП до убедливиот триумф стигна благодарение на одличното издание во вториот дел. После првите 30 минути домашниот тим имаше предност 16:13, иако имаа целосна контрола и постојано водство.
Во вториот дел Македонија ЃП играше рутински и постојано ја зголемуваше предноста. Шампион немаше сили за поголем отпор и сите нивни обиди за намалување на разликата беа лесно одбиени.
Предводници до триумфот на Македнија ЃП беа Јаневски, Ѓорѓевски и Ѓиноски со по шест погодоци. Во екипата на шампион се истакна Христијан Сибиновски со седум погооци. Со оваа победа Македонија ЃП останува во врвот на плеј аут табелата.