Ракометарите на Куманово продолжуваат со одличните игри во плеј-офот од Првата лига и во 4. коло ја остварија и четвртата победа откако на домашен терен без многу проблеми ја совладаа екипата на Младост од Богданци со 29:18.
Кумановци имаа целосна контрола на натпреварот во текот на сите 60 минути, после почетните 0:2 на Младост следуваше серија од шест гола и добра предност на домашниот тим. До полувреме најчесто беше три или четири предност, а на одмор Куманово водеше 13:8.
На стартот на вториот дел веќе беше реше победникот кога Куманово направи 7:1 серија и создаде недостижно водство. До крај на мечот рутиснки одработе домашниот тим за четврта победа по ред во плеј-офот.
Најефикасни со по пет гола во тимот на Куманово беа Влатко Тасевски и Даниел Постоловски. Кај тимот на Младост со четири гола најпрецизен беше Стојан Наумовски.