Екипата на Јуниор Кисела Вода оствари лесна победа во 4. коло од плеј-офот во Првата лига и на домашен терен го совлада тимот на Јехона со 37:26 кој имаше сили само за дваесетина минути отпор.
Јуниор КВ имаше предност уште од почетокот но во поглемиот дел од првото полувреме тоа беше само еден или два гола. Клучната разлика домаќините ја направија во последните десет минути од првиот дел и на одмор заминаа со 20:13.
Во продолжението Јехона немаше сили да се врати во натпреварот. Многу брзо веќе разликата беше двоцифрена а достигна најмногу до 13 гола. До крај Јуниор КВ одигра рутински и забележа лесна победа и нови три бода. Со овој триумф Јунир КВ се зацврсти на 4. место на плеј-оф табелата.
Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Димевски со 11 погодоци, додека пет постигна Филип Николов. Во составот на Јехона се истакна Стефан Бошковски кој постигна десет гола.