Машката сениорска репрезентација ја очекува бараж двомеч со незгодната селекција на Романија во само три дена.
Голманот Мартин Томовски вели дека сите се влезени во новиот систем и секој си ја знае својата задача на теренот.
„Полека созреваме како репрезентација и психички сме многу постабилни. Без преголема еуфорија ќе го дочекаме овој дуел и ќе сакаме да го потврдиме нашиот квалитет. Романија е сериозен ривал, не сме во позиција никој да потценуваме, ќе ја сфатиме сериозно задачата и имаме целосен респект кон оваа селекција. Влеговме во еден систем, па веќе секој од нас си ја знае својата задача на теренот“, изјави Томовски.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра в четврток на 17 март во Скопје, а реваншот е на 19 март во Букурешт.