Екипата на Борец оствари победа на домашен во 17. коло од Првата лига против составот на Шампион со 35:25. И покрај освоените нови три бода сепак плеј-офот за тимот од Велес останува недостижен.
Борец немаше поголеми проблеми да оствари победа на овој натпревар, после израмнетиот почеток и резултат 5:5 следуваше серија на домашниот тим. Со пет последователни гола Борец ја најави победата.
До крајот на првото полувреме веќе Шампион имаше недостижна негатива од осум гола. После одиграни 30 минути беше 16:8. Во продолжението предводена од Лазар Стојанов, екипата на Борец немаше проблеми да стигне до победата и да запише нови бодови.
Најефикасен во победничкиот тим беше Стојанов со 11 погодоци, а по четири постигнаа Атанасовски и Минов. Во екипата на Шампион најпрецизни со по шест гола беа Дебрешлиоски и Сибиновски.