Екипата на ЦСКА Москва, во која настапува репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, одигра рутински натпревар против Кастамону во рамките од 13. коло од Лигата на шампионите и дојде до победа од 31:29.
Речиси во текот на целиот натпревар, екипата од Москва беше во голема предност. Кастамону имаше шанса да се избори за реми на овој дуел, но не издржа до самиот крај.
Ристовска натпреварот го заврши со два гола од три обиди. Најефикасни со по шест погодоци во победничката екипа беа Катрин Хеиндал и Елена Михаличенко. Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, беше најефикасна во Кастамону со девет погодоци.
Голманката на ЦСКА Москва, Полина Каплина запиша вкупно 13 интервенции, додека голманката од поразената екипа, Марина Рајчиќ, имаше 12 интервенции.
Натпреварот меѓу екипите на Подравка и ФТЦ Раил Карго, како и дерби дуелот меѓу Ростов Дон и ЧСМ Букурешт, во рамките од Групата А, беа одложени поради големиот број на позитивни ракометарки на Ковид 19 во редовите на Подравка и Ростов Дон.
Во вчерашните дуели од Групата Б, актуелниот европски шампион, Вајперс Кристијансад славеше убедливо против Крим со 37:20. Победа оствари и Мец против Одензе со 38:31.