Maкедонците пред елиминација од Европскиот куп, четвртфиналето е невозможна мисија

Репрезентативецот на Македонија, Горан Крстевски, заедно со екипата на Фочани, забележаа пораз во првиот осминафинален натпревар од Европскиот куп откако на гостински терен беа убедливо поразени од екипата на Нарбо, со резултат 39:26.

Крстевски и неговите колеги уште во првото полувреме заостануваа на седум гола негатива, 20:13, додека во вториот дел, норвешката екипа успеа да ја зголеми разликата и да издвојува победа со која практично обезбеди пласман во четвртфиналето од Европскиот куп.

На овој дуел, Крстевски постигна еден погодок од два обиди. Најефикасен во победничката екипа беше Лоде Акснес со осум погодоци.

Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одигра во Романија на 20 февруари, но тој ќе биде само формалност и шанса за екипата на Фочани со победа да се збогува од европска сцена.

Екипата на ПАОК, во која настапува голманот од Македонија, Виктор Гигов, беше поразена од Баја Маре со 32:21. Романскиот тим се покажа во супериорно издание против грчкиот претставник и триумфот од 11 гола разлика е сосема доволен за пласман во четвртфиналето од Европскиот куп.

Двете екипи на 19 февруари во Солун ќе го одиграат реванш натпреварот. Баја Маре и на тој натпревар влегува како голем фаворит.

ЕВРОПСКИ КУП, ОСМИНАФИНАЛЕ, РЕЗЛТАТИ:

НАРБО – ФОЧАНИ 39:26 (20:13)
БАЈА МАРЕ – ПАОК 32:21 (17:10)
САРАТОВ – ВИКТОР 27:30 (12:16)
ПОТАИСА ТУРДА – АЛИНГСАС 31:30 (15:11)
ДРАМЕН – КРАСНОДАР 37:23 (16:14)
КАРВИНА – СУР АРАУ 23:27 (11:13)
ЕШ – ПЛЗЕН 30:34 (13:18)