Супер дуел во Будимпешта: Данска со нова победа на чекор од полуфинале

Репрезентациите на Данска и Хрватска одиграа одличен натпревар, со многу борба и квалитет во 3. коло од главната рунда на Европското првенство, a Данците славеа победа од 27:25 и се доближија на чекор до полуфиналето.

На почетокот на натпреварот Хрватска имаше одлична игра во одбрана, со агресивни излегувања и тоа беше доста успешно, но Данците успеваа да најдат решение и наоѓаа пат до мрежата на Пилиповиќ.

Во 15. минута Данска имаше предност од 6:4. Следуваа две одбрани на Ландин и реализации за највисоки четири гола позитива за Данска. На спротивната страна Алиловиќ застана на голот и со две интервенции повторно ја врати Хрватска и одново беше два разлика во 20. минута.

Хрватска продолжи со доброто издание, во 25. минута избраниците на Хрвоје Хорват израмнија на 10:10, а на полувреме Данците имаа минимално водство од 12:11. Во продолжението на мечот Данска брзо го врати најчестото водство што го имаше од два или три гола и сигурно го чуваше.

До крај на мечот сите обиди на Хрватите да стигнат до израмнување и позитивен резултат играчите на Данска успешно ги одбија и ја продолжија победничката серија на првенството со својата петта победа.

Најефикасен на натпреварот во составот на Данска беше Микел Хансен со осум гола, а Емил Јакобсен беше стрелец на шест гола. Во тимот на Хрватска фантастичен беше Марино Мариќ и погоди осумпати, а Тин Лучин постигна четири гола.

22 јануари 2022
27 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
22 јануари 2022 22:04 EURO22 1GRUPA 2021/2022 22.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ДАНСКА1227Победа
ХРВАТСКА1125Пораз

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
3Никлас Вест Киркелокедесен бек10
4Магнус Ландинлево крило00
7Емил Јакобсенлево крило06
11Расмус Лауге Шмитцентрален бек04
15Магнус Саугструп Јенсенпивот02
17Ласе Свандесно крило01
20Кевин Мелерголман00
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек00
22Мадс Менсах Ларсенлев бек00
24Микел Хансенлев бек08
28Ласе Андерсонлев бек00
29Арон Менсинглев бек00
32Јакоб Холмлев бек00
33Матијас Гидселдесен бек05
34Симон Халд Јенсенпивот01
 Вкупно 127

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Пилиповиќголман00
3Марино Мариќпивот08
8Анте Гаџацентрален бек00
10Јаков Гојунлев бек10
20Матео Марашдесен бек02
21Верон Начиновиќпивот10
24Шиме Ивиќдесен бек00
25Мирко Алиловиќголман00
27Иван Чупиќдесно крило03
32Иван Слишковиќлев бек00
33Лука Циндриќцентрален бек12
41Тин Луцинцентрален бек04
51Иван Мартиновиќдесен бек13
53Марин Шипиќпивот00
57Филип Главашдесно крило01
62Марин Јелиниќлево крило02
 Вкупно 425

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА550010
2ГЕРМАНИЈА52125
3УНГАРИЈА52034
4ИСЛАНД52034
5АВСТРИЈА51224
6ХРВАТСКА51133