Репрезентацијата на Холандија успеа да ги запре залетаните Црногорци кои го прифатија брзиот ритам на игра и се загубија на теренот така што на карјот „лалињата“ славеа со 34:30.
Црна Гора имаше убав старт со поддршка на Симиќ кој одбрани неколку удари во серија. Тоа овозможи да го имаат водството и да бидат во предност и од плус три, првпат со 7:4. Дојде и до плус четири, 10:6 и тука почна да паѓа ритамот бидејќи селекцијата на Холандија влезе во подобар ритам.
Иако беа без селекторот и двајцата голмани, Холанѓаните имаа добра замена бидејќи замените одработија одлично. На негативата од четири гола одговорија со засилен ритам и подобра одбрана. Успеаја со играта која се очекуваше од Црногорците да го добијат противникот, да го свртат резултатот и на одмор да заминат со 18:16.
Во вториот дел продолжи надигрувањето. Иако имаше многу голови, Холанѓаните успеаја да стигнат до победата со подобра одбрана. Продолжија да играат поцврсто и снаодливо. Многу топки пресекоа и успеаја да стигнат до убава предност така што знаеја како да издржат до крај и да стигнат до триумф.
Црногорците изгореа во желбата, а се чини и дека мислеа лесно ќе обезбедат триумф и тука паднаа во потребниот ритам така што во финишот не можеа да парираат и мораа да се помират со пораз така што после три победи во серија застанаа и претрпеа пораз.
ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА