Индира и Зоран Кастратовиќ заборавија на ракомет и македонска зима – уживаат на сонце во Мајами (ФОТО)

Индира и Зоран Кастратовиќ за момент заборавија на ракометот и сите обврски околу него и отпатуваа во Соединетите Американски Држави, поточно во Мајами.

Таму живее нивната ќерка Сара, како и една сестра на Индира, па брачниот пар сигурно ќе помине убави моменти. Нивната ќерка веќе се пофали на социјалните мрежи.

„Моите омилени луѓе ми дојдоа во посета“, напиша Сара.

За разлика од зимските температури во Скопје, во Мајами температура во овој период се движи меѓу 23 и 27 степени, па Индира и Зоран ќе можат да уживаат и во сонцето.