Почнува завршната битка – Осум селекции на пат до тронот

Светското првенство во женска конкуренција денеска влегува во завршна фаза, а ракометарките на осумте селекции денеска и утре ќе се борат за место во полуфиналето што ќе биде нов чекор доближување до битката за медалите.

Први на терeн денеска излагаат составите на Данска и Бразил. Нивниот натпревар е од 17:30 часот, а тие ќе имаат убав предизвик и во следната рунда. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се соочи со селекцијата која ќе победи од двобојот меѓу Франција и Шведска, а овој натпревар се игра утре од 20:30 часот.

Домаќинот Шпанија за противник ја има Германија во второто денешно четврт-финале од 20:30 часот. Победата на овој натпревар ќе значи натпревар против победникот од пресметката меѓу Норвешка и Русија која е закажана за утре од 17:30 часот.

Полуфиналните натпревари ќе бидат одиграни в петок, а термините се исти како и за дуелите од четврт-финалето. Ќе се играат од 17:30 и 20:30 часот. Финалето е в недела од 17:30 часот и тогаш ќе биде познато која селекција ќе го наследи тронот на Холандија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ВТОРНИК, 14 ФЕВРУАРИ

17:30ч

ДАНСКА – БРАЗИЛ

20:30ч

ШПАНИЈА – ГЕРМАНИЈА

СРЕДА, 15 ФЕВРУАРИ

17:30ч

НОРВЕШКА – РУСИЈА

20:30ч

ФРАНЦИЈА – ШВЕДСКА