Нов ден, нов проблем во Шпанија и уште една црна дамка на организацијата на Светското првенство за ракометарките.
Хрватски колеги новинари, од телевизијата РТЛ, биле ограбени и тоа преку ден во Торевиеха. Настанот се случил во четвртокот меѓу 18:10 и 19:50 часот.
Непознати сторители им ги искршиле стаклата од автомобилот и украле вредна опрема, која чини околу 20.000 евра. Автомобилот бил паркиран пред хотел, се огласил и аларммот, но никој ништо не видел…
„Постојат надзорни камери, но таму ништо не се гледа. Не рецепција ни рекоа дека ниту виделе, ниту слушнале нешто, дури и кога се вклучил алармост. Автомобилот немаше никакви прес ознаки, па очигледно нас не следеле и знаеле точно што бараат. Неразбирливо е како среде вакво натпреварување како што е СП, нема полицајци што зборуваат англиски“, изјави Борис Јовичиќ, новинар на РТЛ за „Вечерњи Лист“.
Хрватите нема по добро да го паметат овој Мундијал, не само поради оваа случка, туку и поради коронавирусот во нивната репрезентација, кој ги спречи да се прикажат во подобро издание.