Словенија се мачеше против Ангола, со реми се пласираше во втора фаза

Првиот дел од денешната програма на Светското првенство во Шпанија донесе интересни резултати, а очекувано најинтересно беше на дуелот меѓу Словенија и Ангола каде што немаше победник после големото надигрување откако средбата заврши со нерешени 25:25.

Во текот на целата средба имаше неизвесност и надигрување, а Словенките успеаја да дојдатдо потребниот бод со кој одат понатаму бидејќи првите три селекции од секоја група продолжуваат. Покрај тоа имаат и сигурни два бода за втората фаза.

Ана Грос беше незадржлива со 12 погодоци,но немаше доволно добра поддршка од колешките. Во Ангола Паскал со седум гола беше најефикасна.

Победи за пласман понатаму забележаа и Полска, Казахстан и Порторико.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

ГРУПА А

АНГОЛА – СЛОВЕНИЈА 25:25 (14:13)

20:30ч

ФРАНЦИЈА- ЦРНА ГОРА

ТАБЕЛА: 1. Франција 4 бода (59:38, – 1 меч); 2. Словенија 3 (71:72); 3. Црна Горан 2 (48:48); 4. Ангола 1 (65:85).

ГРУПА Б

КАМЕРУН – ПОЛСКА     19:33 (7:16)

20:30ч

РУСИЈА – СРБИЈА

ТАБЕЛА: 1. Србија 4 бода (68:39); 2. Русија 4 (66:41); 3. Полска 2 (77:70); 4. Камерун 0 (55:116).

ГРУПА Ц

КАЗАХСТАН – ИРАН       31:25 (14:10)

20:30ч

НОРВЕШКА – РОМАНИЈА

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 бода (87:27, -1 меч); 2. Романија 4 (77:28); 3. Казахстан 2 (66:109); 4. Иран 0 (45:111).

ГРУПА Д

ПОРТОРИКО – УЗБЕКИСТАН      30:24 (14:12)

20:30ч

ХОЛАНДИЈА – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА: 1. Холандија 4 (113:32); 2. Шведска 4 (94:25); 3. Порторико 2 (55:127); 4. Узбекистан 0 (56:134).