Норвежанките се жалат: „Тренираме како на бетон, условите се неприфатливи“

Репрезентативките на Норвешка се незадоволни од условите кои ги имаат на Мундијалот, а  тие се најдоа на долгиот список на селекции кои се бунат на она што им е нуди од домаќините.

Селекторот на Норвежанките, Торир Хергеирсон го кажа своето, а протестот е за условите кои ги имаат во тренинг салите.

„Тренинг салите коишто нисе нудат не се достојни за нивото на Светско првенство. Бетонските подови се покриени со тенок слој од тарафлекс од само 2-3 милиметри. Ова е неприфатливо. Ние одбивме такви услови. Истото го направија и Романките и неколку други селекции. Ваквите работи укажуваат на работата на Меѓународната ракометна федерација. Сигурен сум дека челниците немаше да го дозволат ова доколку се работеше за Светско првенство во машка конкуренција“, коментира Хергеирсон.

На оваа реакција имаше одговор од ИХФ, дека ќе се потрудат да ги сменат условите односно да се поправат условите за тренинг, но останува да се види во следните денови дали ќе добијат други сали каде ќе можат да се подготвуваат за натпреварите.