Селекцијата на Иран дебитираше на Светското првенство во Шпанија со висок пораз од селекцијата на Романија.
Тамошните љубители на ракометот немаа прилика да го видат првиот настап на женска ракометна селекција во било категорија на светскиот самит на националната телевизија.
Причината е – „разголените“ противнички, пишува данската ТВ2. Иранските ракометарки настапуваат со хиџаб, носат и хеланки под шорцевите, како и блузи под дресовите, па им се гледа само лицето, додека ривалите настапуваат во вообичаената спортска униформа.
Иранските репрезентативки не сакаат да даваат изјави за медиумите, бидејќи се плашат дека тоа може да им наштети по враќањето во татковината.