Ракометарите на Вардар го совладаа големиот ривал Еурофарм Пелистер со 29-25 во првото сезонско дерби во Суперлигата.
Иако домашниот тим беше со редуциран состав, сепак на крајот успеа да слави во интересната пресметка.
Еден од играчите што не настапи на овој натпревар беше францускиот интернационалец Кевин Њокас.
Но иако не можеше да помогне на терен, десниот бек навиваше на трибини заедно со “Комити”.