На Инстаграм се појави фотографија од вардарецот Едуардо Гурбиндо која ја сликала неговата сопруга Елена, а на која тој е гол и држи уметничко дело во рацете. Ова е приказната зад таа фотографија.
„Уметничката слика ја зедовме од домот на родителите на Едуардо и подолго време седеше во нашиот стан, а уште немавме смислено каде да ја закачиме. Секојпат кога ќе се видевме со неговата мајка, таа нè прашуваше дали сме и нашле место на сликата. (се смеат двајцата) Една вечер се вративме од вечера со пријателите и Едуардо само што требаше да влезе да се истушира, а јас прокоментирав ’Леле, пак, не ја закачивме сликата, да видиме каде ќе одговара’. Тој рече ’Добро, ајде ќе ја закачиме сега’ и излезе гол од бањата, застана на ѕидот со сликата и јас го фотографирав и му велам – ова е чиста уметност! И тој сериозен ми рече прати и ја фотографијата на мајка ми и кажи и дека сликата ќе ја ставиме тука и навистина сликата стои на тоа место! (се смеат и двајцата) Спонтано се случи и сите велеа дека сме луди што сме го направиле тоа и што сликата е објавена на социјални мрежи, но за нас беше интересно“, раскажува Елена.
Подолу е целосното интервју со Шпанецот Гурбиндо.
ИНТЕРВЈУ ЕДУАРДО ГУРБИНДО: Сите ми рекоа ќе бидеш среќен во Скопје!