„Морав да повикам брза помош, едвај дишев…“

Левото крило на репрезентацијата на Хрватска, Давид Мандиќ се најде на списокот на новиот селектор, Хрвоје Хорват за натпреварите во рамките од ЕХФ Евро Купот.

Мандиќ во интервју за „24 Сата“ освен за претходните резултати на својата репрезентација и очекувањата од новата генерација на Хрватска зборуваше и за неговата борба против ковид-19.

„Сега сум спремен за натпреварите, но ми беше многу тешко. Морав да повикам и брза помош, два до три дена ми беше многу лошо и едвај дишев. Подоцна бев и на преглед за белите дробови и срцето, сега се чувствувам добро. Се враќам и полека влегувам во форма, а селекторот знае каква е ситуацијата со мене и ме повика дури бев болен”, изјави Мандиќ.

Хрватска во рамките на ЕХФ Евро Купот на 28 и 29 април ќе игра против Словачка, додека на 1 мај ќе се сретне со Унгарија.