Ракометарите на Радовиш ја остварија својата прва победа во плеј-аутот од Супер лигата за мажи откако на гостувањето во Скопје кај Јуниор Кисела Вода забележаа триумф со 32:34.
Исто така ова беше и прва победа на новиот тренер на Радовиш, Андон Бошковски. Првото полувреме се играше многу ефикасно, но и многу израмнето со чести менувања на водството. Радовиш поведе 2:3, а веднаш возврати Јуниор КВ и го презема водството со 5:4.
До крајот на првиот дел уште неколкупати екипите го менуваа водството, но постојано беше еден или два предност за еден од тимовите без можност некој да се одлепи на повисока предност. На полувреме беше нерешено 20:20.
Вториот дел подобро го отвори Јуниор КВ, поведе 23:21 на што Радовиш одговори со серија од 4:0 и повторно водеше. До крај на натпреварот домашниот тим само уште еднаш усепа да израмни, а во останатиот дел постојано бркаше негатива и забележа пораз.