Металург го победи Кузман Вардар со 39 голови разлика!

Ракометарките на Металург остварија убедлива победа над Кузман Вардар во натпревар од 18. коло во Женската лига со 53-14.

Иако тимот од Автокоманда не беше со комплетен, немаше проблем да постигне дури 53 погодоци.

Победникот беше решен уште по првите пет минути, кога Металург поведе со 7-0, а до крајот на полувреме имаше 19 погодоци предност, 24-5.

Најефикасни во тимот на Јулијана Дамчевска беа Марија Тасевска со девет и Ива Божиновска со седум погодоци. Кај Кузман Вардар, четири гола даде Јована Ангеловска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080