Скубе и Мешков ги испотија момците на Раул, но ПСЖ на крај освои бодови

Екипата на ПСЖ одигра интересен натпревар против составот на Мешков Брест во кој малку недостигаше гостите да си заминат и со бодови, но поради полошиот финиш на тимот од Белорусија, домашниот состав на крај славеше со 33:26.

Екипата на ПСЖ имаше повеќе од играта во клучните моменти на оваа средба и успеа да ги освои поените.

Средбата имаше неколку периоди во кои и двете екипи имаа можност да покажат што можат. Во првото полувреме тимот на ПСЖ имаше контрола на играта и успеа да го добие овој дел со 15:12, но трите гола разлика не гарантираа мирно продолжение на натпреварот. Остана простор за враќање на гостите кои знаеја како да ја искористат шансата.

Осум минути во второто полувреме беа доволни за израмнување на 18:18 и за најава за возбудувања. Во 40. минута Мешков Брест успеа и да поведе со 20:19, но тука дојде до будење на домашните. Момците на Раул за шест минути постигнаа шест гола и не примија ниту еден така што ги свртеа работите во своја полза и тргнаа сигурно во завршницата.

Петте гола предност од средината на второто полувреме беа зголемени до седум за конечни 33:26 и нови бодови за ПСЖ. Во победата над Мешков Брест најефикасни беа Беноа Конкоу со осум и Камил Шипжак со седум гола. Во Мешков Брест прв стрелец беше Никита Вајлупов со осум погодоци, додека Сташ Скубе имаше четири гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123