Манасков и Веспрем со многу мака до бодови против Мотор Запорожје

Веспрем и Мотор Запорожје одиграа максимално интересен и неизвесен натпревар во Лигата на шампионите, а победникот беше одлучен во последните десетина минути кога домашнијата направија предност и стигнаа до победа од 34:30.

Унгарскиот претставник после почетните минути направи предност од три гола кога во 10. минута имаше водство од 7:4. На ова возвратија гостите од Украина и го вратија резултатот на нерешено (11:11, 18. минута). До крајот на првиот дел Веспрем постојано имаше само минимално водство, а на полувреме беше 17:17.

Во продолжението Мотор поведе за првпат на натпреварот со 18:17, но тоа треше многу кратко и Веспрем брзо го врати минималното водство. Хорхе Македа беше исклучително расположен и го одржуваше својот тим во позитива со реализации во клучните мооменти.

Во 55. минута Веспрем беше многу блиску до победата кога Македа погоди за 31:27, тука се чинеше дека се е решено но Мотор не се предаде. Со серија од 3:0 Украинците повторно беа во игра. Сепак, искусниот тим на Давид Дејвис со помош на Цупара во последните моменти после многу мака освои нови два бода.

Дејан Манасков настапи во второто полувреме и постигна два гола од два удари. Најефикасен во составот на Веспрем беше Македа со десет гола, а Маргуч погоди осумпати. Во екипата на Мотор, Хориха со седум гола беше прв стрелец, а Маласинскас и Бокан постигнаа по шест гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107