На селекцијата на Египет не и успеа да дојде до пласман во полуфиналето на Светското првенство, но затоа репрезентацијата на Тунис освои трофеј откако во финалниот дуел од Президент купот ја надигра репрезентацијата на Австрија со 37:33.
Во 60 минути беа постигнати дури 70 гола, а Тунижаните беа постојано во водство. Имаа 19:13 на крајот од првото полувреме, па како што одминуваше времето така стануваше јасно дека Тунис ќе биде селекцијата која ќе дојде до победа.
Австријците кои на ова првенство не беа комплетни не одиграа најдобро на завршниот натпревар кој беше за 25. место така што Австрија заврши на 26. позиција.
Во битката за 27. позиција се соочија селекциите на Конго и Чиле. Составот од Јужна Америка не дозволи изненадување. Стигна до победа од 35:30 така што ова беше повеќе од доволно за да се дојде до триумф.
Конго не можеше да парира, а ова беше и реална слика за направеното на теренот.
Најинтересно беше на дуелот за 29. позиција. Таму имаше двобој на две репрезентации од Африка. Ангола и Мароко после 60 минути одиграа нерешено, 27:27.
На средбите за пласман немаше продолженија, па Мароканците се изборија за победа и за пласман на 29. место.