Највозрасниот на Мундијалот нема среќа, за него првенството е готово

Пред натпреварот од четврт-финалето на Светското првенство во Египет една репрезентација се најде во тешка ситуација откако првиот избор за голманската позиција, Даниел Шариќ се повреди.

Катар остана без највозрасниот играч на ова првенство бидејќи прегледите покажаа дека Шариќ има пукната тетива на рамото. Поради тоа нема да биде во состојба да им помогне на колегите, па тие ќе мора без него да се најдат на терен на дуелот против Шведска.

Оваа средба се игра од 20:30 часот, а јасно е дека Шариќ нема да може да игра ниту во ситуација Катар да дојде до победа денеска и да се пласира во полуфиналето од Светското првенство.