Репрезентацијата на Хрватска доживеа тежок пораз од Данска и беше елиминирана од Светското првенство во Египет после групната фаза. Оваа елиминиација значи дека Хрватите после подолго време нема да бидат во топ осумте репрезентации на светот, а ниту една селекција од екс-ју емјите нема да влезе во борба за медалите.
На сите големи натпреварувања од 2003 година Хрватска обезбедуваше пласман во четвртфиналето вклучувајќи Европски и Светски првенства и Олимписки игри. Оваа елиминиација значи прекинување на низата одлични резултати што ја имаа Хрватите. Додека земјите од поранешната република ја прекинуваат низата и после 1997 година првпат нема претставник во четвртфинале.
Претходно првенството заврши и за Словенија која одигра нерешено со домаќинот и покрај тоа што имаше само еден пораз, оној од Русија беше елиминирана од понатамошното натпреваруње. Исто така и нашата репрезентација го заврши настапот.
На овој Мундијал неевропските земји имаа добри изданија па така, само третпат во историјата две репрезентации кои не се од Европа обезбедија пласман во четвртфиналето. Тоа се домаќинот Египет и Катар кој со победа против Аргентина си обезбеди нокаут фаза. Последен пат кога имало ваков случај е Светското превенство во 1999 година кога репрезентациите на Египет и Куба играа во четвртфиналето.