По срамниот пораз од Аргентина со 23-19, селекторот на Хрватска, Лино Червар поднесе оставка.
Во хрватските медиуми веднаш се појавија имиња на евентуалните наследници на Червар, а меѓу нив беше и Веселин Вујовиќ.
Тој за „Јутарњи лист“ откри дека ако има понуда, сигурно би ја прифатил.
„Во Хрватска има тренд на вложување во домашни тренери, односно екс играчи кои се одлучија да станат тренер. Ќе биде чудно ако новиот селектор биде странец. Гледам дека имам голема поддршка во анкетите, но тоа не значи ништо, народот не го бира селекторот. Сепак, ако ми понудат, да, сигурно ќе прифатам, зошто да не? Иако наполнив 60 години и уморен сум, Хрватска не би ја одбил. Никој не би ја одбил“, вели Вујовиќ.
Покрај Вујовиќ, кандидат за наследник на Червар е уште еден екс македонски селектор, Ивица Обрван, потоа Славко Голужа, Хрвоје Хорват…