Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за последното коло од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Најдобрата македонска судиска двојка ќе биде активна и во текот на денешниот ден на еден од натпреварот.
Дербито меѓу Шпанија и Унгарија што ќе одлучи која од овие репрезентации ќе биде прва во групата и ќе ја избегне Франција во четвртфиналето, им е доверено на македонските арбитри.
Делегат на овој натпревар што се игра од 18:00 часот ќе биде Норвежанецот Содал, а со оглед на тоа што Македонија веќе го заврши настапот на СП, реално е да очекуваме Начевски и Николов да судат и во самата завршница.