После победите над Норвешка, Австрија, Швајцарија, Алжир и Исланд селекцијата на Франција денеска го надигра и составот на Португалија победувајќи со … и на тој начин дојде до шест победи во шест натпревари на Мундијалот.
Со новата победа Франција само го потврди првото место во групата и од тоа место ќе влезе во битката за полуфинале, а за ривалот ќе мора да почека до утре бидејќи тоа ќе биде или Шпанија или Унгарија.
Французите имаа контрола на средбата против Португалија од почеток бидејќи после краткото испитување на силите дојде до мала серија од 3:0 и почеток на диктирање на темпото на играта. Ова траеше до крајот на средбата така што немаше никакви проблеми за потврда на првото место.
Франција во првото полувреме постојано беше во предност од два до четири погодоци. Португалците никако не можеа да парираат така што останаа на негатива, а на одмор имаа резултат од 12:16.
Вториот дел од натпреварот мина во доминација на Французите. Стигнаа и до двоцифрена позитива и тоа двапати со 27:17 и 28:18, па во последните моменти од средбата само ја довршија задачата за конечни 32:23 со што го потврдија првото место.
Со ова Франција си обезбеди место во четврт-финалето од првата позиција, додека Норвешка како втора оди во елиминациите. Ривалите ќе ги дознаат утре. Првопласираниот од Групата 1 (во моментов Унгарија е во бод предност пред Шпанија) оди на Норвежаните, додека второпласираниот состав оди на Франција. Инаку, Унгарија и Шпанија утре имаат меѓусебна пресметка.