Во последното коло од главната фаза пред Хрватска е голем предизвик, тоа е Светсткиот шампион Данска. На Хрватите им е неопходна победа со која можат да се надеваат на пласман во нокаут фазата.
Во пресрет на овој натпревар, стигна добра вест за Хрватите што би можела да им ја олсени работата. Најдобриот ракометар на Данска, Микел Хансен ќе го пропушти овој натпревар.
Причината заради која Микел Хансен нема да игра на мечот против селекцијата предводена од Лино Червар е стомачен вирус кој направи проблеми на повеќе репрезентации. Претходно исти проблеми имаа Хрватите и Словенците пред решавачкиот дуел со Египет.
Данска веќе има обезбедено прво место во групата и пласман во четвртфиналето и на овој натпревар веројатно нема да настапат максимално и ќе го искористат за одмор пред елиминациските натпревари. Натпреварот се игра во понеделник во 20:30 часот.