Македонија со пораз од Белорусија од четири голови разлика, 30-26, го заврши настапот на Мундијалот во Египет.
Селекторот Данило Брестовац вели дека една од причините за поразот се повредите на Танкоски и Велковски.
„Натпреварот беше многу тежок, ние направивме многу грешки во второто полувреме. Имаме многу пролбеми со повреди и тоа е една од причините поради која загубивме. Ние игравме за да победиме, не не интересираше конечниот пласман“, вели Брестовац.
Ова ќе биде најслаб пласман на Мундијалите на Македонија досега, но за конечниот пласман ќе мора да почекаме до утревечер.