Словенија не успеа да се пласира во четвртфиналната фаза од Светското првенство откако ја прокоцка предноста од пет разлика и не успеа да ги совлада домаќините во дуел од последното коло на групата 4. Словенците ја контролираа играта и резултатот во текот на првото полувреме, но работите се променија во вториот дел, а во неизвесен финиш Египќаните беа поконцентрирани и на крај со реми од 25-25 одат во елиминациската фаза. Домаќините обезбедија пласман во четвртфинале, за тоа им беше доволен и нерешен резултат, а Словенија го завршува настапот на овој турнир во главната фаза.
Словенија уште на самиот почеток поведе со два гола, предност која ја одржуваше во првите десет минути од дуелот. Египет успеа да врзе два гола и да го израмни резултатот на 3-3, но кратко потоа следуваше одговор од избраниците на Врањеш, а во 22. минута Сухолесник ги доведе првите „плус четири“. Доленец во финишот на првиот дел ја постави највисоката предност од 10-5, а до крајот фараоните успеаа да намалат само еден гол од разликата. Првото полувреме заврши со резултат 12-8.
По паузата Словенија продолжи со исто темпо, ја диктираше играта и ги одржуваше петте голови предност, но по воведните минути Словенија доби исклчување играше без голман, а грешките во нападот ја доведоа репрезентацијата на Египет во егал. Во 38. минута за прв пат на овој дуел го израмнија резултатот на 15-15, а во средината на вториот дел го создадоа и првото водство.
По лошиот период Словенците се соземаа погодија двапати во низа и ја најавија неизвесната и возбудлива игра во финишот. Резултатската неизвесност ги одведе Египќаните на два гола предност 19-21 во период кога неколку судиски одлуки им овозможија на домаќините лесни голови. Словенците го израмнија резултатот, но следуваше одбрана на египетскиот голман, а на спротивната страна расположениот Зејин беше прецизен за враќање на предноста од два гола за својата репрезентација.
Крај на сите надежи за победа на Словенија беше промашувањето на Кодрин од крило и прецизниот шут на египетскиот пивот на спротивната страна за предност од два гола за домаќинот на овој Мундијал 23-25 на три минути до крај. Во самиот финиш Јанц го израмни резултатот на 25-25, а тоа беше и конечен резултат на овој дуел.
Вториот четвртфиналист од оваа група ќе го даде дуелот меѓу Шведска и Русија.