После првите 30 минути на средбата меѓу Македонија и Белорусија резулатот е 14:14 откако во текот на целото полувреме имаше израмнета игра. Македонија беше во предност уште од 5. минута, но оваа предност беше гол или два па Белорусите успеваа да израмнуваат. Сепак, факт е дека ова е најдоброто полувреме одиграно на овој шампионат.
Од почетокот на средбата се виде далеку посериозен пристап од страна на ракометарите кои беа на теренот. Нападот функционираше, а одбраната на моменти успеваше да го покаже она што се очекува.
Се бараше простор за реализација, па главно успешно се извршуваше задачата и тоа даваше резултат. Откако Белорусите први поведоа, Македонија успеа да се врати, па поведе со 5:3 откако беше казнето играњето без голман на противникот.
Сепак, додека нашите репрезентативци долго бараа шанса за шут и за погодок, противничките ракометари најчесто брзо реализираа. Оттаму постојано беа на гол заостанување или со нерешен резултат.
Македонија играше многу подобро отколку на претходните дуели, а одлична партија имаше и капитенот Лазаров, кој за 24 минути имаше пет од 11 гола на Македонија. Голот предност се чуваше со мудра игра, а и Митревски успеваше да помогне, па ова беше најдоброто полувреме за Македонија на овој Мундијал.
На одмор се замина со 14:14 откако не беше искористен последниот напад за зачувување на предноста, но тоа може да се случина стартот на вториот дел бидејќи Македонија прва ќе тргне од центарот.
Капитенот Лазаров има шест гола и со нив е најефикасен на теренот во првиот дел од средбата. Кузмановски и Поповски погодија по двапати, додека по еднаш прецизни беа Стоилов, Димитриоски, Маркоски и Пешевски. Во Белорусија најефикасни со по три гола се Кулеш и Вајлупов.