Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов трет ден по ред се делегирани од ИХФ на натпревар од Светското првенство.
Тие ќе ја делат правдата на средбата меѓу Норвешка и Исланд, на која Норвежаните мора да победат ако сакаат да останат во игра за четвртфиналето на СП.
Делегат на овој натпревар ќе биде Драган Начевски.
Тој се игра од 18:00 часот во салата „Хасан Мустафа“.