Репрезентацијата на Русија без многу напор оствари нова победа на Светсокот првенство во Египет против Македонија со 32-20 и на добар пат е да обезбеди пласман во нокаут фазата.
Селекторот на Русија, Велимир Петковиќ го коментирше настапот на своите ракометари на натпреварот со Македонија. Тој не го криеше задоволството од изданието на неговиот тим и со нетпрение го очекува решавачкиот дуел со Шведска.
„Потполно сум задоволен од моите ракометари. Имавме задача што порано да го решиме мечот со Македонија и да им дадеме одмор на момците кои го носат најголемиот товар. Сите играа дисциплинирано, зрело и тимски. Ова беше многу важно пред дуелот со Швеѓаните кои се многу подвижни и имаат долга клупа“, коментираше Петковиќ за „Брз Центар“.
Во последното коло на Русија и е потребна победа против Шведска за да обезбеди пласман во нокаут фазата. Натпреварот се игра во понеделник со почеток 20:30 часот.