Репрезентациите на Египет и Белорусија одиграа многу динамичен и ефикасен натрпевар во рамки на групата 4 во главната фаза на Светското првенство. Во брзата игра подобро се снајде селекцијата на домаќинот и славеше сигурна победа со 35:26.
Избраниците на Роберто Парондо многу силно влегоа во натпреварот, брзо ги резлизираа нападите и во одбрана беа максимално агресивни. Египет поведе со 2:0 и 6:2 со што најавија уште едно перфектно издание.
Продолжи домниацијата на домаќинот, веќе после 16 минути игра Египет имаше постигнато 13 гола и имаше седум позитива. Една од причините за големото заостанување на Белорусија беше тоа што долго голманите немаа ниту една одбрана во почетните минути.
Најдобриот играч на Египет, Елахмар го водеше својот тим до одлична предност на полувреме. Тој ги разигруваше соиграчите со перфектни асистенции и постигна пет гола за 30 минути. После 20. минути игра беше 16:8, на полувреме Египет имаше водство од 21:14.
Второто полувреме започна во поспор ритам, а Египет ја чуваше предноста стекната во првиот дел. Во 40. минута беше 25:17, а веќе во 45. минута Египет имаше првпат двоцифрена предност 29:19 и практично го реши победникот на натпреварот.
И покрај сите обиди Белорусија до крајот на дуелот не успеа ниту да го ублажи поразот. Ова беше највисок пораз за Белорусите кои досега имаа одлични изднија на првенството. Една од главните причини за поразот беа грешките, Белорусите направија вкупно 13 за разлика од Египет кој имаше само три.
За играч на натпреварот беше избран младиот талентиран ракометар на Египет, Ахмед Хешам. Со овој триумф Египет се искачи на првата позиција на табелата со шест бода, а Белорусија останува на два бода. Судии на овој натпревар беа Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.