Селекцијата на Португалија славеше над Швајцарија со 33-29 во второто коло од главната рунда на Мундијалот во Египет.
Швајцарците по триумфот над Исланд влегоа со голема мотивација, но не успеаја ниту еднаш да имаат водство на овој дуел. Португалците на полувреме имаа само плус два, 17-15.
Во вториот дел Швајцарија не успеваше комплетно да се врати во натпреварот, иако во неколку наврати имаше негатива од еден гол. Искусниот Шмид не можеше сам да се бори против Португалија, која со овој триумф останува во игра за четвртфинале.
Најдобри стрелци во победничкиот табор беа Итуриза со седум и Магалаеш со шест погодоци, додека кај Швајцарија, Шмид даде 11 погодоци.