Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреврите од третото коло на Мундијалот во Египет.
Дуелот меѓу Македонија и Чиле, кој ќе го даде последниот патник во главната рунда, ќе го судат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ.
Делегат на оваа средба ќе биде Австриецот Рајзигер.
Хрватските арбитри го судеа и финалето на завршниот турнир во Келн во декември минатата година.
Натпреварот меѓу Македонија и Чиле се игра денеска со почеток во 15:30 часот.