Традицијата на страна на Македонија: Пет од пет против Чиле, најава за победа и за втора фаза

Досегашните пресметки меѓу Македонија и Чиле се најава дека денеска традицијата треба да продолжи и да нема поголеми проблеми за да се дојде до пласман во втората фаза и битката за што е можно повисок пласман.

Македонија и Чиле досега имаат пет меѓусебни натпревари на кои нашите репрезентативци биле подобри од своите колеги.

Никогаш не ги победиле со повеќе од четири гола разлика, а двете победи со ваква разлика се од пред неколку дена односно од подготовките на Чилеанците во Скопје. На Светските првенства и двете победи се со по два гола разлика, додека еден дуел е одигран во квалификациите за Олимписките игри во 2016 година.

Инаку, против Чиле, Македонија го одигра и последниот натпревар во 2019 година на Мундијалот во Германија и Данска.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

12  ЈАНУАРИ 2013

МАКЕДОИЈА – ЧИЛЕ     30:28

Лазаров 8, Манасков 6, Стоилов 4 – Р. Салинас 8, Ем. Фојхтман 5, Мартинез 4

20 ЈАНУАРИ 2019

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 32:30

Лазаров 9, Манасков 8, Георгиевски 3 – Ер. Фојхтман 9, Р. Салинас 8, Себалос 3

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОЛИМПИСКИ ИГРИ

10 АПРИЛ 2016

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 30:27

Ни. Костески 6, Манасков 4, Миркуловски 4 – Ер. Фојхтман 10, Е. Салинас 8, Х. Фојхтман 2

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

5 ЈАНУАРИ 2021

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 25:21

Пешевски 5, Серафимов 5, Маџовски 3 – Е. Салинас 5, Ер. Фојхтман 3, Р. Салинас 3

10 ЈАНУАРИ 2021

МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ 28:24

Кузмановски 4, Поповски 3, Пешевски 3 – Ер. Фојхтман 7, Р. Салинас 4, Ајала 2