Селекцијата на Шпанија која е актуелен европски првак можеше и втор натпревар по ред да остане без победа на Мундијалот во Египет, но успеа во финишот на искуство да го истурка натпреварот до триумф и да ја совлада Полска со 27:26.
Во текот на целата средба селекциајта на Полска беше рамноправен ривал. Имаше моменти во кои го диктираше темпото и резултатиот и на селекцијата на Шпанија и беше тешко да успее да ја прикаже својата препознатлива игра.
Таквото темпо на игра влијаеше над Шпанците, кои никако не успеваа да го задржат водството. Имаа проблеми така што тоа им беше пречка рано да го решат натпреварот.
Шпанците имаа 14:11 на полувреме, но тоа не беше доволно за да можат мирно да продолжат во натпреварот. Место тоа мораа да одработат на високо ниво за да стигнат до подобар резултат. Сепак, наидоа на максимално мотивиран противник, кој во секој момент знаеше што сака.
Полска успеа да се врати неколкупати во средбата, па дури и во завршницата да има предност. Водеше со 21:20, но тука попушти концентрацијата и со два гола Шпанија почна да го диктира резултатот. Имаше гол до два предност постојано така што до крајот на средбата беше во позитива со која успеа да стигне и до победа откако во последниот напад беше искусно потрошено времето за триумф и мало поправање на впечатокот после ремито на стартот против Бразил.