Зеленортските острови „снемаа“ играчи, зaгубија службено од Германија

Натпреварот од Групата А меѓу селекциите на Зеленортските острови и Германија нема да биде одигран и истиот ќе биде регистриран со службени 10:0 за Бундес составот.

Ова е првиот дуел на Светското првенство кој завршува на зелената маса, а причината е Ковид 19.

Зеленортските острови дојдоа со проблеми во Египет и со неколку позитивни играчи. Првиот дуел против Унгарија го одиграа со 11 ракометари, но двајца од нив после натпреварот имаа позитивни тестови.

Останаа со девет ракометари, а правилото е дека мора да има десет играчи во составот од кои еден е голман за да може да се стартува на натпреарот. Според членот 7 од правилникот за натпревари на Светското првенство составот на Зеленортските острови не може да го одигра овој дуел и затоа истиот е регистриран со службени 10:0 за Германија.

Од селекцијата на Зеленортските острови најавија доаѓање на нови играчи кои се пријавени на поширокиот список, но тие ќе мора исто така да поминат тестирање и би биле во комбинација за настап на дуелот против Уругвај во вторник. Доколку и тогаш немаат десет играчи ќе загубат повторно 10:0, а ако не одиграат три средби ќе бидат исклучени од натпреварувањето.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШПАНИЈА33006
2ЦРНА ГОРА32014
3ИРАН31022
4ЧИЛЕ30030