Брестовац: Египет ни одржа лекција по модерен ракомет, доцниме многу

Репрезентацијата на Македонија денеска има слободен ден од натпревари на Светското првенство, а утре следува дуелот против Чиле. Сработеното досега не е добро, а Брестовац смета дека вчера играле против идниот светски првак.

Факт е дека против Египет беше едно од најлошите изданија на Македонија досега.

„Мислам дека игравме против следниот светски првак. Египет има одличен тим, има одлична генерација која е градена со години. Мислам дека е време да освојат Светско првенство. Имаат добар систем и многу успешен. Како што знаеме тие се континентални шампиони и оваа титула им недостига и се очекува да го направат на ова натпреварување“, изјави Брестовац.

Подели и пофалби на адреса на играта која беше прикажана од страна селекцијата на Египет и призна дека во моментов доцниме многу зад модерната игра која беше прикажана од противникот.

„Египет одигра модерен ракомет, за кој ние како репрезентација многу доцниме. Многу сме назад со физичката подготовка, имаме многу елементи во кои исто така сме далеку, не нема во дуелите 1 на 1 или 2 на 2 на вакво ниво. Не се работи за тоа дека не играме туку дека на ова првенство сме далеку, ова е сосема друга димензија“.

Од овој дуел секако ќе треба да се извлече и поука бидејќи беше лекција.

„За овие млади играчи ова беше голема лекција и треба да им биде показател како треба да се работи. Ќе мора да се работи повеќе на индивидуаелен план во клубовите. Ова е репрезентација во која имаме 3-4 тренинзи заедно и два натпреари во ЕХФ неделите. Затоа секој мора сам да вложува во себе“.

Селекторот имаше реакција и за црвениот картон кој го доби Кузмановски уште на средина од првото полувреме.

„Не поремети црвениот на Филип Кузмановски, кој бее престрог. Сестрите Бонавентура рекоа дека виделе удар во глава и дека нема потреба да гледа видео снимка. Имаме нерамномерни одлуки. Некои стартови беа повеќе дозволени кај нив, па имаше и шутеви на четврти чекор. Тие беа физички посилни од нас. Се надевам дека барем на следното првенство ќе им се реваншираат со добра партија“.

Иако претрпеа два тешки порази, сепак, тој и понатаму смета дека оваа генерација е најдоброто што Македонија го има и дека ќе има што да покаже.

„Мислам дека оваа генерација е најдоброто од Македонија. Не ми беше толку за резултатот во второ полувреме и затоа ги оставив со повеќе минутажа. Не сме добро подготвени и во она што се подготвувавме, а на крај на терен што се случи. Има грешка и кај нас и во сите структури. Го сфаќам овој пораз и со Шведска како да сме во невреме и бараме излез, а него го гледам утре против Чиле“.

Средбата се игра од утре од 15:30 часот и е клучна бидејќи е потребна победа за пласман во втората фаза.