Македонија загуби убедливо од домаќинот Египет со 38-19 во второто коло од Светското првенство.
Голманот Мартин Томовски, кој имаше солидно остварување против „фараоните“, вели дека мора да се консолидираме пред решавачкиот дуел со Чиле.
„Сите сме дел од ова. Мислам дека треба да работиме сите заедно како тим, од наредните натпревари, почнувајќи од утре со Чиле. Мора да влеземе поагресивно, поагажирано, како да ни недостига жар во играта. Се согласувам со селекторот дека Египет е квалитетна репрезентација, но ние им дозволивме така да се однесуваат. Мора да се консолидираме денеска, добро да се подготвиме и да го дадеме најдоброто од нас“, вели Томовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Чиле се игра утре со почеток во 15:30 часот, и победникот од овој двобој ќе игра во главната рунда.