Селекцијата на Хрватска останува без важен играч до крајот на Светското првенство во Египет.
Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ, ја обнови поврдата на препоните на средбата против Јапонија и ќе биде во аут до крајот на Мундијалот.
На неговото место во ростерот ќе влезе средниот бек на Нексе Нашице, Јанко Кевиќ, кој на 34 години ќе дебитира на големо натпреварување.
Тој неодамна во интервју за хрватските медиуми изјави дека имал понуда да заигра и за македонската репрезентација.
Хрватите ги очекуваат уште две средби против Катар и Ангола во групната фаза на кои ќе бркаат победи за место во главната рунда.