По вчерашниот натпревар меѓу Полска и Тунис, денеска најдобрите македонски судии ќе имаат втора задача на Мундијалот во Египет.
Тие се делегирани да ја делат правдата на интересниот натпревар од второто коло во групата Х меѓу Русија и Словенија.
Тој дуел се игра со почеток во 18:00 часот, а делегат ќе биде Норвежанецот Содал.
Во првото коло Русија ремизираше со Белорусија, додека Словенците без проблем ја совладаа Јужна Кореја.