Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Ведран Зрниќ пред почетокот на Светското првенство во Египет во една емисија имаше дадено интересна изјава.
Зрниќ ја коментираше одлуката на ИХФ која дозволи на првенството во Египет да учествуваат повеќе репрезентации, а во некои земји ракометот речиси и да не постои.
Тој направи паралела со селекцијата на САД, која го откажа учеството на Мундијалот во Египет поради позитивните тестови на дел од репрезентативците, но притоа направи споредба и со најдобриот кошаркар на денешницата, првата ѕвзда на НБА лигата, Леброн Џејмс.
„Ракометот се игра во четири држави во Европа, држави каде можеш да заработиш пари и каде ракометот се игра на врвно ниво. Добро е за светот да има повеќе репрезентации и да има повеќе гледаност. Ние имаме повеќе среќа што се наоѓаме веднаш после фудбалската репрезентација на Хрватска и луѓето нас не препознаваат. За пример да ги земеме САД, Леброн Џејмс не би се снашол во фудбал, а не, пак, во ракомет. Нека не пуштат нас на мир и не е така лесно како се чини”, коментираше Зрниќ
Репрезентацијата на Хрватска не се прослави на почетокот на првенството. Таа одигра тежок натпревар и ремизираше со Јапонија, 29:29.