Докторскиот тим во репрезентацијата на Данска е изненаден од фактот дека Емил Јакобсен е позитивен на Ковид 19 бидејќи истиот играч веќе беше позитивен пред точно 83 дена.
Веднаш после добивањето на позитивниот тест се постави прашањето – Дали е сигурно дека Емил Јакобсен има коронавирус?
Според професори од Универзитетот во Копенхаген има три можности. Едната е да има стара трага на коронавирусот, додека втората вели дека тестот може да е лажно позитивен. Третата варијанта според Ракометната федерација на Данска вели дека Јакобсен најверојатно е позитивен бидејќи претходно бил заразен со вирусот.
Вирусолог од универзитетот во Копенхаген смета дека емалку веројатно Јакобсен да е позитивен.
„Во период од 83 дена со нови тестови може да се пронајдат остатоци од вирусот дури и откако инфекцијата ќе помине. Тоа беше видено и претходно, па не би го исклучил ова и во случајот со Јакобсен. Сепак, тоа се навистина ретки случаи“, вели вирусологот.
Иако се смета дека тестот бил лажно позитивен, сепак, не се ризикуваше и вчера Јакобсен не беше во составот. Се очекува нов тест и резултати за да може да добие дозвола за настап.