Репрезентацијата на Аргентина имаше успешен старт на Светското првенство во Египет откако во првиот натпревар беше поуспешна од Конго со 28:22. Аргентинците имаа многу повеќе проблеми да стигнат до победата отколку што тоа го покажува резултатот.
Почетните минути им припаднаа на Аргентинците, поведоа со 3:1 и најчесто беше еден или два предност во првите дваесетина минути. Сепак Конго не се предаваше и даваше силен отпор на фаворитот на овој меч.
До крајот на првото полувреме Конго успеа да израмни и дури и да поведе. Нивното највисоко водство беше од еден гол, а така беше и на полувремето кога имаа предност од 14:13. Сепак во втрориот дел Аргентината одигра поквалитетно и ги стави работите на свое место.
Веднаш на почетокот Аргентинците направија серија со која поведоа со 18:15 и како одминуваше времето предноста постојано растеше за на крајот да имаат и највисоки осум гола.
Најефикасни во победничкито тим беа Симоне и Пизаро со по пет гола, додека Мартинез и Фернандез погодија по четирипати. Голманот Бур имаше добро издание и беше прогласен за играч на натпреварот. Во составот на Конго, Каинбегени беше прв стрелец со седум гола.