Актуелниот Европски првак, Шпанија не го прикажа она што сите го очекуваа на стартот од Светското првенство и делуваше премногу млако, па на крајот „фуријата“ може да биде задоволна што освои бод. Херој на Бразилците е поранешниот вардарец Рожерио Мораеш кој одигра одлична средба и имаше клучна улога во финишот.
Почетните 3:0 за селекцијата на Бразил беа знак дека мотивот во селекцијата на Шпанија не е на потребното ниво. Покрај тоа составот на Бразил одлично се имаше подготвено за овој дуел, па долго имаше контрола и им задаваше гриши на Шпанците.
Рибера ја бараше играта со која ќе може да ги неутрализира противничките ракометари, но долго не можеше да ја најде противиграта и да го донесе тимот до предност. Тоа се случи некаде на средина на првото полувреме кога со два гола поред се дојде до 8:7, а потоа докрајот на првиот дел имаше контрола.
Она што беше добро го снема во финишот од средбата. Рожерио Мораеш се бореше одлично на линијата од шест метри и задаваше многу грижи за одбраната на противникот.Тој буквално самиот се бореше, па помогна многу за Бразил да се врати во игра. Постигнуваше голови, изнудуваше пенали, правеше блокади така што успеа да се снајде одлично.
Мораеш беше и стрелец на голот за 29:28 откако собра една одбиена топка, но во последниот напад Шпанците одиграа доволно за да израмнат. Бразил не искористи во последниот напад, па и двете селекции мораат да бидат задоволни со по еден бод во овој претежок и многу возбудлив дуел.